Мигранти во Данска кои веќе три четири години не го совладале јазикот и кои не успеале да се вклучат во пазарот на трудот, сепак ќе мора да работат 37 часа неделно за да добијат социјална помош.

Премиерката Мете Фредериксен рече дека правилата се директно насочени кон жените од „незападно потекло“ кои живеат од бенефиции, пренесува Би-би-си.

Според данската влада, дури шест од 10 жени од Блискиот Исток, Северна Африка и Турција не се работно ангажирани.

„Проблем е кога имаме толку силна економија, каде што бизнис заедницата бара работна сила, а имаме голема група, пред се жени со незападно потекло, кои не се дел од пазарот на трудот“, вели премиерката Фредериксен.

Министерот за вработување Питер Хумелгард вели дека работа има: Од содигање догорчиња од цигари на плажа до работа во компании.