Данке дојчланд, по одлуката на Бундестагот

По синоќешната поддршка од од германскиот Бундестаг за отворање преговори на Македонија со ЕУ водечките македонски политичари преку социјалните мрежи побрзаа да се заблагодарат, јавува „Дојче веле“ .

Двете најголеми владејачки партии, ЦДУ и СПД синоќа дадоа поддршка на С. Македонија, а кон неа се придружија и опозициските Зелени и Либерали. Популистичката АфД беше против, а Левицата делумно воздржана.

Шефот на државата Стево Пендаровски вечерва преку Твитер ја искажа својата благодарност за поддршката од Бундестаготт за отворањето пристапни преговори со ЕУ, со едноставно: Danke Deutschland.

“Конечната одлука ја очекуваме во октомври, што ќе значи признание за граѓаните и институциите и за сите наши одлуки, напори и успеси. Ова е голем поттик, продолжуваме да работиме уште повеќе. Благодариме на сите пратеници во германскиот Бундестаг и на владиниот тим на канцеларката Ангела Меркел“, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.