Данела најави тужба за клеветите од СДСМ

Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Град Скопје, одговарајќи на прашањето дали менаџирала со спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, рече дека ќе поднесе тужба за изнесените клевети.

„Стравот и нервозата се тие кои што предизвикаа некој за еден час да трча и да излегува со лажни обвинувања и со нешта коишто навистина се небулозни, за кои денеска ќе си следи соодветна тужб“а.

Арсовска најави тужба за, како што рече, изнесените лаги и невистини за неа на само 2 дена пред гласањето за претстојните локални избори од страна на СДСМ.

„И затоа ќе си следи тужба денеска за овие кои што лажат и манипулираат и кои што во 42 години немаа никогаш ништо да кажат лошо за мене, а тоа го вадат поради тоа што се уплашија затоа што им реков дека ќе им го ревидирам работењето и ќе си има одговорност за овие кои што 4 буџети на граѓаните ги потрошија. Тужбата ќе си го покаже своето. Значи, немам намера некој да фрла дамка на мене по 42 години за нешто за кое треба јас да се докажувам по медиуми.

Тие ќе си кажат после 17 октомври каде се парите на граѓаните и нема да се откажам од тоа. Џабе, што и да направат во следните два дена за да фрлат по мене, треба да знаат дека нема да се откажам. Слободно може да се обидувате 42 години чесно живеење да ги извалкате и тоа што го кажав вчера јас ќе го реализирам, нема никакви притисоци да предизвикаат да потклекнам на тоа што го кажав“, изјави Арсовска.