Данела Арсовска оддаде почит на покојните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски и премиерот Никола Кљусев

– 30 години независност, 30 години борба за градење на независна, суверена и самостојна Македонија за сите граѓани. Денес оддадовме почит за Киро Глигоров, првиот Претседател на независна Република Македонија. Почит и за човекот кој покажа силно лидерство за Македонија во многу тешко време за земјата и за граѓаните, поранешниот претседател Борис Трајковски, напиша Арсовска на својот официјален Фејсбук профил.

Арсовска оддаде почит и за академик Никола Кљусев, првиот премиер на независна Македонија чија улога во воспоставувањето на независноста и сувереноста на македонската држава е неизмерно значајна за сите нас.

– Денес слободни со својата културна еманципација, национална свест се определивме пред сè за самостојна и суверена држава”, изјави академик Кљусев пред 30 години, кога граѓаните на референдум одлучија за осамостојување и формирање на самостојна и суверена Македонија.