Денес во единствениот парк во општина Чаир, имавме многу пријатна семејна прошетка со Беким Сали, кандидатот за градоначалник на општина Чаир и неговото семејство. За жал, заеднички констатиравме дека паркот е во лоша состојба и сѐ повеќе се намалува под притисок на бетонизацијата и урбаниот хаос.

Ова во фејсбук пост денска го објавува независната кандидатка за градоначалник на Скопје Данела Арсовска.

“Се договоривме заедно дека неговата ревитализација, проширување и изградба на нови големи зелени површини во Чаир и во Скопје ќе бидат меѓу врвните приоритети и на општина Чаир и на градот Скопје. Зелените површини не се само места за релаксација и одмор туку ќе бидат и места исполнети со содржини кои ќе придонесуваат за зближување на сите граѓани на град Скопје”, порача Арсовска која му упати благодарност на семејството на кандидатот за градоначалник на Чаир на два јазика.

“Сакам на Елиф и на ќерките на Беким да им се заблагодарам за одличното гостопримство и дружба. Ќе биде чест да се соработува!

Dua të falënderoj Elifin dhe vajzat e Bekimit për mikpritjen dhe shoqërimin. Do të jetë një nder të bashkëpunojmë!

За наше Скопје!”, напиша Арсовска.