Данецот кој со лак и стрели уби 5 Норвежани претходно примил ислам

Данскиот 37-годишниот државјанин кој е осомничен за убиството на петте лица во нападот со лак и стрела во норвешкиот град Конгсберг претходно се преобратил во исламот и веројатно радикализирал, објави во четвртокот полицијата.

Тој уби пет лица, четири жени и еден маж, на возраст од 50 до 70 години.

Две лица, од кои еден полицаец кој не бил на должност, се повердени се нападот.

Напаѓачот е уапсен, но полицијата не го објави неговиот идентитет.

Според челникот на норвешката национална полиција Оле Бредруп Саеверуд, напаѓачот преминал во исламот и полицијата била загрижена поради знаците дека се радикализирал. Истакна дека сѐ уште е прерано за да може да се каже дали нападот треба да се истражува како терористичко дело.