Најнова вест
Чуден состав на ,,Лидерски состанок” во Скопје – Груби прогласен за лидер на Западен Балкан
Извесна госпоѓа Данче Мартиновска од Форумот на пензионери на СДСМ во општина Карпош го има убедливо најглупиот јавен коментар од почетокот на 2024 година.
Во денови кога цела Македонија слави Водици и кога луѓето се навраќаат на традицијата, верата, историјата, фолклорот, семејството, човечноста….активистката на СДСМ во Карпош го навредува пратеникот Антонио Милошоски за објавено видео во кое со фамилијата и соселаните го прославува христијанскиот празник Водици.
Наместо како сите нормални луѓе на Милошоски без разлика на партиската разлика да му го честита празникот, профилот Форум на пензионери на СДСМ Карпош на кој пишува дека раководителка е Данче Мартиновска, со невкусни навреди за косата за Милошоски кој игра оро на Водици во кичевското село Ижиште.
Пораката од активистката на СДСМ може да се протолкува и како закана ако Мартиновска и нејзината партија планираат да му ја кубат косата на Милошоски.
,,Играј, играј, зашто на таа твоја ,,умна” глава треба повторно коса да се пресадува!!!”, пишува Форумот на пензионери на СДСМ Карпош.
Откако некои корисници на Фејсбук на Мартиновска и порачуваат дека на празниците треба да се однесува пристојно таа враќа со уште поглуп коментар:
,,Леле бе кој се најде да коментира за убаво однесување!”.
Во видеото кое го објави Милошоски а кое има неверојатни 150 илјади прегледи пратеникот порачува:
👍 Водици, прекрасен празник, традиција и веселба
Линк до видеото и коментарите
https://fb.watch/pJ9a3dm4zO/?mibextid=Nif5oz
И Милошоски реагираше на навредите
Милошоски со христијанска порака за активистката на СДСМ која го навреди на Фејсбук