Во своето денешно соопштение СДСМ тврди дека Владата предводена од оваа партија веќе 5 месеци односно од 13 февруари редовно еднаш во неделата добива вакцини набавени со директен договор за купување од фирмата Фајзер – Бионтек.
Според соопштението на СДСМ се работи за 800 илјади вакцини кои доаѓале секој понеделник цели 5 месеци односно од 13 февруари оваа година до денеска.
Според тоа што се тврди за последниве 150 дена во земјава имало 22 достави на вакцини од Фајзер – Бионтек колку што во овој период има понеделници.
“Да не спиеше ВМРО ДПМНЕ ќе знаеја дека 800.000 дози вакцини купени од производителот Фајзер, се испорачуваат во нашата земја од пред 5 месеци, и тоа секој понеделник”, пишува дословно во денешното соопштение на СДСМ со кое се открива дека некој во власта или лаже или владата и министерството за здравство криела вакцини од граѓаните.
Линкот до признанието на СДСМ овде
https://sdsm.org.mk/soopstenija/29309
По денешново соопштение станува јасно дека покрај опцијата од граѓаните да се криеле вакцини, или лаже прес центарот на СДСМ или лаже министерот за здравство Филипче и министерството за здравство.
Тие на 19 април односно два месеци и 6 дена подоцна од датумот што денеска го објави СДСМ објавиле дека во Македонија пристигнала првата доза на вакцини набавени со директен договор со Фајзер.
“Министерството за здравство ја информира јавноста дека попладнево стигна првата пратка од вакцината Фајзер, која МЗ ја обезбеди cо директни преговори со овој производител на вакцина против КОВИД-19.
Станува збор за 10.530 дози од вакцината Фајзер, кои веќе од среда ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата, каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за КОВИД имунизација”, објави на 19 април министерство за здравство преку интернет страната на владата.
Линкот овде
https://koronavirus.gov.mk/vesti/221305
Покрај бројот од 800 илјади вакцини од Фајзер кои според СДСМ пристигнувале секој понеделник веќе 5 месеци интересна е и должината на периодот во кој според СДСМ стигнувале вакцините набавени со директен договор со Фајзер.
Според Филипче првата доза на директно купени Фајзер вакцини дошла пред 2 месеци и 23 дена а според СДСМ Фајзер почнал да ги доставува на 13 февруари односно пред цели 5 месеци.
Со тоа се отвора и дилемата дали ако СДСМ не лаже кога почнала доставата на вакцините купени од Фајзер, дали првите 8 пратки од Фајзер,колку што има понеделници меѓу 13 февруари и 19 април, вакцините не биле пријавени пред јавноста или биле користени за други намени.
За владата, СДСМ, Филипче најдобро е јавно да кажат дали се работи за страшна партиска лага на владеачката партија или некој со месеци криел пристигнати вакцини од граѓаните.