Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП) на 16 февруари ќе ја објави одлуката за повлекувањето на аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов за поранешни функционери и други лица кои ги гонеше Специјално јавно обвинителство (СЈО).
Со аболицијата на претседателот Иванов од април 2016 беа опфатени 54 лица од предметите на СЈО. По бурните реакции во јавноста и направените измени во Законот за помилување, тој ја повлече аболицијата.
Девет апликанти, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, се пожалија дека еднаш дадена аболиција не може да се повлече и дека станува збор за стекнато право. За тоа постојат и соодветни пресуди на ЕСЧП, за слични ситуации во други земји.
Плусинфо, дознава дека идната нбедела, на 9 февруари, ЕСЧП на својот веб-сајт ќе објави информација за објавата на одлуката.
Од оваа информација ќе се разбере најважната работа во овој момент – дали Судот веќе донел пресуда за овој случај.
