Дали учениците ќе учат оваа сабота или не!?

Голема забуна внесе денешната изјава на министерот за образование и наука, Арбер Адеми, кој рече дека дека „веќе саботите нема да се одработуваат бидејќи тоа досега се покажало како непродуктивно“.

Изјавата на министерот доаѓа на помалку од 48 часови по одлуката на владата според која на 8-ми јуни треба да се одработи 7-ми мај кој беше прогласен за неработен поради посетата на папата Франциско на Македонија.

Граѓани, до редакцијата на „Експрес.мк“, упатуваат прашања дали „мерката“ на министерот е најавена за некоја „подалечна“ иднина или таа ќе важи и за оваа сабота.

Односно, дали останува одлуката првиот ден од последниот викенд пред распуст, децата ќе треба да го поминат во уличниците.

Да потсетиме завчера, 03 јуни, Владата донесе одлука која се однесува на основните и средните училишта на територијата на Град Скопје кои го немаат одработено овој ден во претходниот период, како и за градинките и здравствените установи на територијата на Град Скопје.