Повикувањето на амбасадор „на консултации“ е еден од претпоследните чекори пред прекин на дипломатските односи, коментираат бугарски медиуми откако амбасадорот во Скопје, Ангел Ангелов, беше „повикан“ во Софија.

Ангелов ја доби оваа наредба првиот работен ден од неделата и неполни 24 часа по посетата на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на Софија.


Османи заедно со бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков отиде во посета на претепаниот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис 3“ вети дека властите нема да толерираат никаква агресија.

„Очигледно, сепак, овој напад ги прекина и така кревките дипломатски односи, кои се движат до точката на замрзнување и покрај компромисот на Бугарија според францускиот предлог за укинување на ветото за почеток на преговорите за членство во ЕУ во Скопје“, пишува 24 Часа.

 Обично повикувањето на амбасадор на консултации траат од неколку дена до неколку недели. Што значи дека во време кога двете страни најавија намера да работат на намалување на тензиите, Бугарија демонстративно го намалува нивото на дипломатска застапеност во Скопје. Работата во Скопје сега ќе ја преземе привремен шеф на амбасадата.

Последен пат во март 2022 година, бугарскиот дипломат во Москва, Атанас Крастин, доби наредба да се врати во Бугарија. 

Сега, повлекувањето на Ангелов е најсериозната демонстрација кон Скопје што ја прави Софија.