Дали е точно дека идната недела ќе му биде вратена патната исправа на Никола Груевски, бидејќи со измените на КЗ автоматски се ослободува од одговорност за случајот ТНТ и ТРАЕКТОРИЈА, додека за другите кривични дела за кои е осуден ќе му се овозможи повторување на кривичната постапка – прашува Изет Меџити, претседател на Демократското движење, партија која се формираше од незадоволните од ДУИ.
Претходно Меџити изјави дека на Груевски му остануваат уште само два предмети и може да се врати како политички херој по измените на Кривичниот законик донесени во скратена постапка.