Стопанската комора за енергетика иницира да се врши сеизмички мониторинг на сите брани во државава со цел да се намали сеизмичкиот ризик.

Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје, кои вршат таков мониторинг само на браната Козјак, сметаат дека ова прашање треба се регулира со закон.

„Значи, да се овозможи заштита, да се намали сеизмичкиот ризик и да се заштити околината и населението од таквите можни случаи“, изјави Драгана Черних, директор на Сеизмолошката опсерваторија.

Според неа, повеќе од 10 години прават саеизмички мониторинг само на езерото Козјак, каде имаат три сеизмолошки станици, но нема увид за останатите брани.

Черних потсетува на општото правило во сеизмологијата дека таму каде што имало земјтреси ќе има повторно и порачува не можеме да се заштитиме на друг начин освен објектите што  ги градиме да бидат направени така за да го издржат дејството на земјотресот. Тогаш ќе  бидеме заштитени и нема да дојде до загуба на човечки животи и  материјална штета.