Во своето илинденско обраќање генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ вели дека дошло време на 120 години од Илинден да се стави камен темелник во македонската историја.
Со оглед на тоа што камен темелник се става на нови објекти генсекот на СДСМ најавува дека тој и неговата партија планираат да градат нешто ново со што ги засили тезите за создавање на нова северномакедонска нација на местото на македонската нација и држава.
Да удирате камен темелник на македонската историја како што најавува Зечевиќ во видеото на речиси 90 години од АСНОМ кога е втемелена македонската државност, е крајно нелогично освен ако не планирате да направите сериозни промени во македонската државност, идентитет и историја.
Зошто Зечевиќ, кој според многумина со видеото најавува кандидатура за иден лидер на СДСМ, зборува за нов камен темелник на стар објект е прашање на кое досега не одговориле ниту тој ниту неговата партија.
Владата на СДСМ одамна не реагира на именувањето на Македонија и Македонците како северни.
Во продолжение целото обраќање на Зечевиќ кој важи за еден од лидерите на фракциите во СДСМ и човек кој по приближувањето со Оливер Спасовски како лидер на друга моќна фракција во партијата се најсериозни претенденти за преземање на партијата која најдоцна од идната година заминува во опозиција:
Другарки и другари,
Браќа и сестри,
На 120 годишнината од илинденското востание, од нашиот прв Илинден, како македонската парадигма за слобода и непокор, за заедништво и сплотеност, дојде време да го поставиме новиот камен-темелник во македонската историја.
По 903-та, 44-та, 91-та, ЕВРОПСКИОТ СТОЛБ ЌЕ БИДЕ НАШАТА ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА РЕПУБЛИКА.
Заедничка татковина на сите кои живееме и бескрајно ја сакаме.
Врз делата и наследството на нашите херои, илинденци, партизани, партизани, преродбеници…на сите кои се вградиле во темелите на државноста.
Врз идеалите на Крушевската република, антифашистичката борба, создавањето на современата македонска држава.
ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ Е НАШИОТ НОВ, 4-ТИ ИЛИНДЕН!
Како што храбрите мажи и жени на Илинден се обединија, така и ние треба да се обединиме за европската иднината, зад европска Македонија.
Тоа ќе биде почит за нашите предци, но пред се и над се ќе биде одговорност за нашите млади македонски генерации.
Борбата за македонската европска иднина е борба за младиот човек, за сигурна иднина на следните наши генерации.
Рамноправни во големата Унија на европски нации. Секогаш, свои на своето.
Со вграден македонскиот идентитет во европскиот, со подобар животен стандард, во европска држава.
ЗА НОВАТА МАКЕДОНСКА ИДНИНАТА АЈДЕ СИТЕ ЗАЕДНО, БЕЗ РАЗЛИКА НА ВЕРА, НАЦИЈА, ПОЛИТИЧКА ИЛИ ДРУГА ОПРЕДЕЛБА, КАКО НА ВТОРИ АВГУСТ ‘903-ТАТА, ДА ЗАСТАНЕМЕ НА СТРАНАТА НА СОВРЕМЕНИОТ ПАТРИОТИЗАМ, ЗА ГОРДА И ДОСТОИНСТВЕНА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА!
За многу години Илинден!
Нека ни е вечна и вековита Европска Македонија!