Кемал Муриќ од „Слобода превоз“ се надева дека премиерот нема да го заборави ветувањето дека ќе разговара со приватните превозници откако тие ја прекинаа блокадата на булеварите и во надеж дека ќе се најде решение за долгот од 1,5 милион евра што им ги должи Град Скопје.

Извештајот на УЈП е комплетиран и врз основа на него не се констатирани неправилности кај приватните превозници, како што обвинуваше градоначалничката Данела Арсовска.


Но, проблемот во градскиот опревоз останува бидејќи на некои линии што ги опслужуваа приватниците нема доволен број автобуси, а пропадна и огласот на Град Скопје за склучување индивидуални договори со поединци превозници откако им го раскина дговорот на „Слобода превиоз“ и на „Макекспрес“.

Алсат испрати прашања до Владата дали наскоро планираат да ги повикаат приватните превозници на состанок и дали има некој конкретен предлог за нив, но одговор нема.

„Молк и од Град Скопје“, објавува Алсат М.