„Лидерот на ДУИ се осврна и на Украина на собирот во Шипковица. Тој кажа дека како „земја сме се солидаризирале со оваа држава, која се наоѓа во војна, но и оти немаме повеќе можности да сториме, освен да им испратиме музичка група“. – објави ТВ 21 во својата вест со наслов „На Украина можеме да испратиме само музичка група“.
ТВ 21 пишува: Обраќајќи му се на министерот за надворешни работи Бујар Османи, Али Ахмети нагласи дека „нашата држава може да и испрати на Украина само музичка група“.
„Ние сме се солидаризирале со Украина морално, но само толку можеме. Бидејќи оние оружја, што ги имаме, тие не и требаат на Украина. Или можеме да им испратиме музичка група, друго нешто не можеме да им однесеме.“ – рече лидерот на „интегристите“ Ахмети на партискиот собир во Шипковица.