Дали Палевски се движел низ Србија , Бугарија и Турција со лажен пасош издаден од МВР на Оливер Спасовски?

Извори кои имаат информации за истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски тврдат дека меѓу другото истражните органи го разгледуваат и сценариото според кое осомничениот убиец Љупчо Палевски Палчо низ регионот се движел со пасош на кое имало друго име различно од неговото.

Дали Палевски по бегството се движел низ Србија, Бугарија и Турција со лажен пасош издаден од МВР на Оливер Спасовски, е прашањето на кое одговор бараат луѓе во обвинителството.

Во МВР кое ги издаде 215 пасоши за мафијаши и криминалци од различен вид нема многу голем ентузијазам за ова прашање затоа што токму високи структури во полицијата добро знаат дека над 150 пасоши за кои не се знаенкој го добил а се на туѓи имиња можат да доведат до политичка и кривична одговорност за високо функционери, тврдат извори блиски на истрагата.

Според изворите речиси невозможно е Палевски слободно да се движел низ три држави откако неговите партнери во убиството веќе кажале дека тој е убиецот.

Според тоа што го објави денеска обвинителство во врска со човекот кој го возел Палевски од Србија во Турција тој воопшто не се плашел да оди преку официјални гранични премини.

Како Палевски еден ден по утврдување како осомничен за убиство слободно шетал низ три земји со кои Макеоднија има соработка преку Интерпол и билатерално заега е нејасно.

По признанието на неговите соучесници МВР морала веднаш да ги информира Србија, Бугарија и Турција дека лице со пасош на име Љупчо Палевски Палчо треба да биде запрено и предадени на македонските власти.

Ако Обвинителството, МВР и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не го сторилe тоа истиот момент кога дозналe за исказите според кои Палевски е убиецот на Вања тогаш Македонија има многу посериозен проблем со институциите а случајот има и дополнителна позадина од ,,користољубие”, тврдат изворите кои не можат да утврдат дали Палевски е еден од добитниците на лажни пасоши на туѓи имиња.

Аферата Двојник – Пасоши ја откри лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кога објави дека 215 македонски пасоши биле издадени на членови на италијански мафии, балкански нарко картели, турски криминалци, финансиски шеф на италијанската мафија Ндрангета и други.

За овој скандал беа осудени неколку луѓе на ниски позиции кои ги сликале и примале документи од мафијашите но никогаш не беа осудени и гонети организаторите на криминалната шема иако судијката Оља Ристова предупреди дека осудените не можеле да издаваат пасоши без повисоки функционери во МВР.

Ристова пред десетина дена беше одбиена за промоција во Вишото обвинителство што за многумина е политичка одмазда за тоа што протестираше за негонење на организаторите на аферата Двојник. (Г.М.)

Фото:
Насловната фотографија е фотомонтажа со еден од лажните пасоши издадени од МВР на Спасовски на светски криминалци