Дали навистина новинарка на Би Би Си го прогласи Охрид за апсолутно ужасно место (ВИДЕО)

Дописничка од Вашингтон за Би Би Си светскиот сервис Сузан Кианпур предизвика гнев меѓу македонците на социјалните мрежи откако на Твитер напиша дека Охрид е ужасно место кое се наоѓа во С. Македонија.

Новинарката и авторка Кианпур која има иранско-итлијанско потекло во својот обид да посети 100 земји на светот деновиве е во Охрид од каде објавува прекрасно видео од возење со чамец по езерото.

Видеото е дополнето со порака која за многумина е сарказам но за многу повеќе луѓе е навреда за Охрид.

,,Дефинитивно не доаѓајте во Охридското Езеро. Тоа е апсолутно ужасно место во С. Македонија. Супер скапо. Лоши временски услови. Навистина преполно”, пишува новинарката на Би Би Си и иницира низа одговори на нејзиниот навредлив твит.

Без објаснување од авторката не може со сигурност да се каже дали таа навистина мисли се најлошо за Охрид или е саркастична.

Твитот и видеото досега го виделе најмалку 26 илјади луѓе од цел свет и ако веруваат на зборовите Кианпур тие никогаш нема да дојдат како туристи во градот.

Два дена преходно Кианпур пишува дека треба да се посети “недопрениот скапоцен камен пред Охрид да стане туристичка замка”.

Кианпур не пишува ништо за сообраќајниот хаос пред да се дојде до Охрид откако владата на СДСМ и ДУИ реши пред туристичката сезона да го затвори патот до Охрид и туристите да ги насочува преку стариот пат до градот по што настана сериозен метеж.

По објавата на овој текст реакција на Кианпур

,,Дојдов и се вљубив”, новинарката на Би Би Си не мисли дека Охрид е ужасно место, напротив