Дали НАТО ќе го води жена

Естонската премиерка Каја Калас изјави дека е заинтересирана да ја преземе функцијата генерален секретар на НАТО, по заминувањето на Јенс Столтенберг идната година.

Говорејќи на самитот за одбрана на Политико, Калас беше прашана дали би сакала да се кандидира за таа улога откако актуелниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе се повлече од функцијата. Таа веднаш одговори со „да“.

Одговорот на Калас и нејзината посета на Вашингтон доаѓа во време кога расте загриженоста во Европа, особено кај лидерите на балтичките и источноевропските земји, како што е Естонија, дека поддршката на САД за воените напори на Украина се повеќе се колеба.

Калас ја отфрли идејата дека конфликтот е во ќор-сокак, велејќи дека им служи на руските интереси да се насликаат условите на бојното поле во таа светлина.

Калас, која се состана со претставници на администрацијата на Бајден и пратеници на Капитол Хил, ја подвлече потребата од американска поддршка за да се постигне траен мир во регионот.