Дали „Ветвендосје“ и Курти ја земаат под „патронат“ албанската опозиција, откако ја најавиja целта да се преземе власта во Македонија?!

Албанските опозициски партии Движење Беса, Алтернатива и Демократско движење одржуваат митинг во Тетово, на кој официјално ќе ја потпишат декларацијата на коалицијата, која ја нарекоа Европски сојуз за промени. Сега не е тајна дека Движењето Ветевендосје (Самоопределување – заб.прев.) на Албин Курти му дава поддршка на ова опозициско организирање.“ – објави ТВ Клан Македонија во својата информација со наслов „Ветвендосје официјално со поддршка за албанската опозиција – учествува на потпишувањето на декларацијата на коалицијата“.

Претходно информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА објави: „Движењето Ветевендосје од Косово со присуството на своите претставници во Тетово ги возвеличува потпишувањето на декларацијата на коалицијата Европски сојуз за промени и прославата на празникот 28 ноември!“

„На овој настан во Тетово присуствуваат многу истакнати личности и високи претставници на владејачката партија на Косово Ветевендосје. Меѓу гостите на коалицијата Европски сојуз за промени, која се стреми да биде апсолутен победник на претстојните избори, присуствуваат Арбер Заими од Тирана, Беким Ќоку од Струга и Ардита Синани од Прешево, сите тројца советници на премиерот Курти. Ова не е прв пат да учествуваат советници на премиерот Курти, бидејќи и на настанот на општина Тетово по повод приемот на премиерот на Косово имаше многу гости и советници негови и на претседателката на Косово Вјоса Османи.“