„Насилства се случуваат на фудбалски натпревари насекаде кај што има Албанци: во Албанија, во Косово и во Илирида, како антинационално огледало на задоволство други. Некој дефинитивно треба да ја започне ‘образовната’ улога во овој аспект.“ – вели новинарот на ТВ Клан Косова Куштрим Решитај од Приштина во својата колумна со наслов „Од Приштина до Корча и Скопје – Албанците ‘точка и пет“, која ја објавија весникот „Лајм“ и некои други медиуми на албански јазик во Македонија и во регионот.

Авторот на колумната, случајно или намерно, го става во „медиумска употреба“ во македонската и во балканската јавност името на така наречената „Автономна Република Илирида“, наместо да каже дека албанските екипи играле во Македонија, или во Западна Македонија. Се отвора голема дилема: ако баш не станува збор за случајност, дали можеби претстои омасовување на користењето на името на замислената парадржавна творба „Илирида“, како „географски топоним“ за „политичко-територијалната автономијата на Албанците“ во западниот дел на Македонија, што се совпаѓа временски со барањата за отворањето на македонскиот Устав за „државотворните потреби на Албанците и на „македонските Бугари“?

Во својата колумна Решитај пишува: „Кој би помислил дека ќе дојдат вакви денови: трите водечки екипи во фудбалската Суперлига во оваа земја ќе бидат Струга, Шкендија и Шкупи. Во нормални околности сојузот меѓу овие клубови требаше да биде трн во очите на оние кои сакаат да ги видат поделени. Но, се случува нешто сосема поинаку.
Дербито на албанските екипи во Илирида покажа насилство меѓу себе, удари, тепања, и скандалозна слика пред медиумите насекаде.“

„Истото се случи и во четвртфиналето на Купот на 25 октомври годинава, кога навивачите на Шкупи на натпреварот против Шкендија си зедоа за право самите да спроведуваат закон фудбалер, кој постигна гол и славеше пред нив. Ова доведе до судири, целосно уништување на натпреварот, кој требаше да биде голема спортска прослава.“

„Продолжува и натаму оваа нелогична појава, толку долго инсталирана меѓу Албанците, како антинационално огледало, на задоволство на другите, кои немаат потреба да поттикнуваат таков раздор, кој им се сервира доброволно од самите нас.
Во сиот овој ‘марифетлак’ единствено позитивно беше соопштението на Шкендија, црвено-црниот клуб од Тетово, кои побараа еднаш засекогаш да им се каже СТОП на ваквите настани. ‘Доста со омраза, престанете со ваквите непримерни сцени.’ – порачаа од Шкендија.“

„Насилства се случуваат на фудбалски натпревари насекаде кај што има Албанци: во Албанија, во Косово и во Илирида, како антинационално огледало на задоволство други. Некој дефинитивно треба да ја започне ‘образовната’ улога во овој аспект.“

Но, такви епизоди се случуваат насекаде кај што има Албанци, во Албанија и во Косово, како пред неколку дена во Корча за време на мечот меѓу Деволи и Лаберија, или пред два месеци во главниот град на Косово, каде Приштина се натпреваруваше против екипата на Балкан. Исто така и овие два натпревара се карактеризираа со насилство, наместо со сопрт.

Некој дефинитивно треба да ја започне „образовната“ улога во овој аспект.