МВР на Заев и Спасовски само со факти и вистина може да ги сопрат шпекулациите на штета на полициските тигри, заради информациите дека командирот на полициските Тигри Митко Даневски е едно од двете лица во Шкода Октавија по којашто имало полноќна полициска потера на скопско Водно, а во несреќа се повредени тројца полицајци?

Ова денеска на прес конференција како тема го посочува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

“Поврзувањето на името на командирот на Тигри Митко Даневски со вести со наслов цитирам ” Повредени тројца полицајци, се истумбале на Водно додека бркале „љубовџии“ во „шкода“” го рушат реномето на оваа единица”, вели Стоилковски кој бара за почеток МВР сериозно да одговори и да ја каже вистината дали по несреќата во којашто се повредени тројца полицајци, со последици, има огромна материјална штета, а јавноста заради недостаток на информации го поврзува со Даневски, и прашува дали е направен увид од Јавен обвинител, или тој не излегол на терен?

“МВР, но и надлежното ЈО за организиран криминал мора да кажат и дали се проверени информациите, дали вечерта од скопската касарна е земено, и дали Даневски е тој којшто зема службено возило Шкода Октавија, идентично на она по кое е организирана потерата на Водно по две лица во Шкода Октавија?
ЈО има на располагање и видео снимки со кои има можност да се следи возило од касарна Илинден па натаму сето движење. Со тоа би се утврдила вистината која што пред се е потребна за зачувување на реномето на единицата Тигри”, изјави Стоилковски.

Во услови на воведена кризна состојба, во услови на забрана за движење на Водно, МВР на Спасовски со штури информации оддава или впечаток на несигурност да се носи со задачите, или дека нешто прикрива. Јавноста мора да ја знае вистината, заради чинот на Даневски, како и заради неговата блискост со Заев и Спасовски.
Делумните информации од МВР креираат амбиент за недоверба на штета на единицата Тигри, и се дозволува да се шират сомнежи во јавноста, заклучува Стоилковски кој бара одговори од МВР.

Од инцидентот во кој беа повредени тројца полицајци а МВР се уште не објавува кои се луѓето кои бегале од полицијата.

Според МВР иницијалите на двајцата бегалци не се објавуваат затоа што полицијата не ги знае нивните идентитети.