Дали јапонскиот император го протерал македонскиот амбасадор во Токио е прашањето што се наметнува по скандалот со македонскиот амбасадор кој по сексуалниот скандал во екстремно краток рок мораше да ја напушти престолнината на Јапонија.

Амбасадорот Горан Цеков инаку близок на претседателот Пендаровски беше вратен во земјава по двете пријави од соработнички во македонската амбасада во Токио но МНР се уште официјално не ги објавува сите детали од скандалот.


Екстремно краткиот рок на враќање на Цеков укажува дека тој направил огромен прекршок за кој освен од МНР можеби бил санкциониран и од земјата домаќин што може да се случува само кога е во прашање сериозен криминал или страшни повреди на виенската конвенција за дипломатија.

Дека случајот со Цеков можеби стигнал и до кабинетот на јапонскиот император Нарухито (од каде треба да се потврди протерување на странски амбасадори) анализира и доајенот на македонската дипломатија Жорж Мисајловски кој во својата колумна за Плусинфо објавува што значи кога еден амбасадор добива само 5 дена за да ја напушти државата.

За Мисајловски постои сериозен сомнеж дека Цеков бил протеран од јапонските власти.

,,Официјалното соопштение на МНР дека амбасадорот од Токио е повлечен поради незадоволството со неговата работа, макар што од објавениот текст се стекнува печаток дека се работи за протерување, а не за повлекување. Давање на рок од 5 дена да се врати, во дипломатски жаргон, значи протерување. Всушност, повлечениот ни амбасадор е повеќе од месец дена во Скопје”, пишува искусниот Мисајловски за случајот Цеков.

Пет дена за заминување од Јапонија е прекраток рок за подготовка за заминување што значи дека Цеков можеби бил практично прогласен за Персона нон грата и морал на пеколно брз начин да ја напушти земјата.

Според информациите една од тие што се пожалиле на однесувањето на Веков е јапонска државјанка која работела на заеднички проекти со македонската амбасада во Токио.

Ако таа пред јапонските власти се пожалила на сексуално вознемирување од амбасадорот извесно е дека официјално Токио презело мерки за санкции кон македонскиот амбасадор за да ја заштити својата државјанка.

За случајот прв објави expres.mk уште на почетокот на јуни.

По сексуални инциденти потпишан указ за враќање на амбасадорот Цеков од Токио