Дали изненадувањето што го спрема ДУИ за утре се вика Имер Селмани?

Медиуми на албански јазик, шпекулираат со ново име за заеднички кандидат на ДУИ и СДСМ за градоначалник на Скопје, во очекување Али Ахмети утре да ја објави убавата вест како што вчера рече премиерот Зоран Заев..

Според извори блиски на власта, изненадувањето кое што го најави лидерот на интегративците за в сабота, е токму објавувањето на кандидатурата на Имер Селмани, за градоначалник на Град Скопје.

За Селмани, тој е најприфатлив за сите партии од власта. Тој беше поранешен министер за здравство, а како претседателски кандидат Селмани освои голем број на македонски гласови, и од таа причина овие партии се надеваат на победа.

Селмани во последен период во своите гостувања во медиумите ги поддржува ставовите и политиките на премиерот Зоран Заев, а претходно беше дел од изборната кампања на претседателот Стево Пендаровски.

Вчера, исто така, во медиумите се појавија шпекулации дека зад изненадувањето на Ахмети стои можната кандидатура на Изет Меџити, кој во изминатиов период имаше низа несогласувања околу работата на дел од функционерите на ДУИ.