Од видеото снимено на самитот ЕУ-Западен Балкан во кратка секвенца се гледа, од тоа што може да се заклучи од овој кадар, жолчна расправа меѓу македонскиот и бугарскиот премиер.
Во краткото видео се гледа како Ковачевски кој делува дека е многу нервозен, го вперува прстот кон Петков во невообичаена дипломатска гестикулација која е неприфатлива за однос меѓу пријатели.
Покажување на показалецот во ваква директна комуникација според дипломатскиот протокол и правилата на пристојно однесување значи дека Ковачевски за нешто го обвинува и му се лути Петков.
Што е тоа треба да објасни Ковачевски кој ќе мора да објасни и многу други работи, меѓу другото што точно тајни и без консултации договарал со Петков и зошто во преговорите не се остварени ниту минималните македонски национални и државни интереси.
Засега не е јасно дали Ковачевски откако се соочува со опасност од пад на владата сака да изглуми силен авторитет или почнал да губи контрола на своите нерви.
Видеото
Скопскиот рокер на страна на народот, има јасна порака до владата https://www.expres.mk/beni-shakjiri-za-bugarsko-francuskata-agresija-moj-moj-preku-moj/