Дали е ова “Шкодата Октавија” возена од полициски командант поради која се повредени 3 полицајци (ФОТО + ВИДЕО)

Возило со бела боја од марката Шкода Октавија со затемнети стакла е возилото кое во периодот кога пред 6 дена се повредени тројца полицајци при бегство на две лица, се движело по рута во Скопје по која се движела и полициска потера.

Фотографиите извадени од систем за видео надзор ги објавува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на прес конференција.

Стоилковски им дава уште една шанса на МВР и Владата да го објават идентитетот на возачот и совозачот на возилото поради кое се повредени тројца полицајци.

Тој не ја објавува регистрацијата на возилото кое МВР се уште наводно не може да го идентификува.

Обична проверка на возниот парк на МВР лесно ќе докаже кој и кога го земал возилото со кое две лица, маж и жена се движеле низ Водно во тек на забрана за движење поради пожари.

Стоилковски прашува дали возачот бил командантот на специјалната единица Тигар Митко Дсаневски но Спасовски и МВР молчат.

Целата изјава со сите детали од неформалната истрага на Стоилковски.

https://www.facebook.com/vmromakedonija/videos/2984661358528972/

Следува ли кулминација на случајот и расчистување дали во возилото бил командантот на елитната специјална полициска единица Митко Даневски и уште една сопатничка.

Мистериозна најава на Стоилковски, следуваат ли докази за скандалот со тројцата повредени полицајци