Министерката Славјанка Петровска со својот стил на облекување откако дојде на чело на одбраната се наметнува како најсериозниот кандидат за неформалната титула најелегантно облечен член на владата.

По заминувањето на екс министрите Радмила Шеќеринска и Мила Царовска кои важеа за најдобро и најскапо облечени луѓе во владата сега имиџот на владата во високите модни трендови го брани министерката за НАТО Петровска.

Петровска на речиси сите јавни настапи се појавува со различни парчиња модерна гардероба за која не се знае дали е скапа дизајнирана марка, дали е шиена во Македонија или е набавена од светските модни центри.

Иако понекогаш модните критичари и обичните граѓани имаат забелешки за боите, дезенот или стилот на парчињата што ги носи министерката Петровска факт е дека таа е еден од членовите која најмногу се грижи за својата гардероба.

Во продолжение дел од нејзините модни изблици на јавни настани претежно на настани на Армијата и министерството за одбрана