Дали Беса ќе му го земе министерството на Алаѓозовски?

Во текот на идната седмица ќе се знае кои партии ќе се приклучат на актуелната коалиција на владејачката СДСМ и кои ресори ќе ги добијат идните партнери.

Премиерот Зоран Заев соопшти дека преговорите стигнале во конечна фаза.

Неофицијално, како што дознава Алсат М, на Беса на Африм Гаши ѝ е даден еден ресор, а на Демократската партија на Албанците, ДПА, едно министерство без ресор, со кое претходно раководеше актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко!?

Повикувајќи се на добро упатени извори, „Фокус“ пишува дека „министерствата за образование, култура и животна средина се дел од преговорите меѓу премиерот Зоран Заев и потенцијалните нови владини партнери БЕСА и ДПА, покрај вицепремиерското место за реформи и министерството за странски инвестиции“.

Се шпекулира дека партијата на Гаши, која има тројца претеници, најверојатно ќе добие министерство што досега го водело СДСМ, а сешпекулира дека се работи за Министерството за култура на чие чело сега е министерот Роберт Алаѓозовски.

Другиот дел од поделената Беса, оној на Билал Касами, најверојатно ќе остане во опозиција.

Од ДПА засега не соопштуваат детали што им било понудено во преговорите.