Македонската евровизиска делегација во Италија ја чека конечната одлука, дали Македонија воопшто ќе настапи на втората полуфинална вечер на 12-ти мај, или пак целиот тим ќе се врати назад.

По „настанот“ на кој Андреа Коевска го фрли македонското знаме, наводно на барање на фоторепортери, јавниот сервис МРТ со остра осуда порача дека се разгледува можност за нејзино повлекување од Евровизија.


Одлуката се уште не е донесена, дознава Фокус.

Од МРТ првично информираа дека и против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за скандалот, но и по три дена, нема информација што конкретно ќе биде преземено.