Спектакуларната музичарка Дафина Зеќири ќе одржи приватен концерт на 23 јули во Тетово. Познатата косовска ѕвезда, миленичка на албанската публика, веќе долги години ги освојува срцата на сите љубители на музиката со своите песни и извонредни сценски настапи.

За нејзината успешна музичка кариера зборуваат бројните награди кои таа ги има добиено во изминатите неколку години, вклучувајќи прва награда на Polifest Festival, номинацијата за BOOM наградата и награда од публиката за истата, како и наградата за Најдобар RNB хит на Top Fest 6.

Зеќири во својата кариера има испеано голем број хитови во соработка со многу други музички ѕвезди меѓу кои Blero & F-Kay, Capital T & 2po2, а во музичкото видео за нејзиниот хит Four Season се појавува и мароканско-американскиот рапер French Montana. Нејзината музичка кариера е во подем, а „миленичка на публиката“ е вистинскиот начин да се опише Дафина.

На 23 јули, со почеток во 21:00 часот, присутните ќе имаат шанса да ја слушнат Дафина Зеќири на приватен концерт на големото отворање на новото омилено место во градот – Star Casino Play4Win.

Концертот на Дафина ќе го назначи отворањето на најлуксузното место во градот, местото каде играат победниците, местото каде услугата, луксузот и приватноста се на прво место – домот на победниците.

Регистрирајте се во Star Casino Play4Win и добијте покана за спектакуларниот настан со приватниот концерт на Дафина Зеќири и уживајте во шоуто.