Белград имал силни гаранции од петте земји-членки на ЕУ, кои не ја признаваат независноста на Косово, дека нема да го променат тој став, изјави министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
Запрашан за неодамнешната изјава на европските претставници дека новата верзија на француско-германскиот план ја има поддршката од сите 27 членки на ЕУ, тој одговори дека нема да оди толку далеку и, како што рече, не толку брзо.
„Имаше многу верзии на тој таканаречен француско-германски план и не можам да знам во која фаза е, но со сигурност знам дека е прерано да се брои колкава поддршка има во ЕУ“, рече Дачиќ,пренесе Денес.рс.