Да зборуваше вака кога беше премиер, на Георгиевски касичката ќе му беше празна

Кардиохирургот Ристо Симеонов реагира на пробугарските изјави на експремиерот Георгиевски со кои ги поддржува бугарските тези дека македонскиот јазик настанал по 1944 година.

Тој алудира дека кога беше премиер молчеше за работите за кои сега е гласњн што има врска со неговата финансиска состојба.

„Што не говореше вака ЉуБчо Георгиевски кога беше премиер на Република Македонија? Сега бубамарата или прасицата ќе му беа празни. Дедо ми, Бог да го прости, беше роден 1921, сигурно прабаба ми во 1944 не му нашла професор за приватни часови по македонски јазик“, пишува кардиохирургот.