„Да не ти се верува”: Грковска ги опоменала функционерите од ДУИ реагира Најчевска

Жестоки реакции по изјавата на вицепремиерката Грковска дека им изрекла само опомена на министрите од ДУИ за користењето службени возила за партиски цели. Остра критика испрати професорката Мирјана Најчевска на својот фејсбук профил.



„Ги опоменала бре. Не ми се верува. За прекршување на Изборниот и Кривичниот законик следи опомена ако си функционер од редовите на ДУИ. Е навистина забегавте“, пишува Најчевска на својот фејсбук профил. 

На новинарско прашање што ќе преземе вицепремиерката за политики за добро владеење во однос на злоупотребите од функционери и спортувањето во кацеларија таа се повикуваше на Антикорупциската комисија како надлежна.

„Морам да признам дека тоа не беше добро прифатено од јавноста. Не сметам дека тоа е начин на кој што функционерите би требало да се однесуваат. Сметам дека треба да се има малку повеќе сензибилитет за тоа како функционерите треба да се однесуваат и каква слика даваат пред граѓаните“, рече Грковска.