По повод 80 години од стрелањето на 12-те ваташки младинци, денеска ќе се одржи Свечена академија во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци со почеток од 19 часот.

Да не се заборави! објави на својот Фејсбук профил, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Утре пак, градоначалникот Митко Јанчев и Совет на Општина Кавадарци во Моклиште, на споменикот на 12-те ваташки младинци со почеток од 10 часот ќе се одржи чествување по повод 80 години од нивното стрелање.

Крвававиот настан се случил на 16 јуни 1943 година кога биле стрелани 12 младинци од селото Ваташа во близина на Моклиште кај месноста „Чаир“, на 2 км оддалеченост од Ваташа.

Бе стрелани: Перо Илов, кој бил најмал со 15 години, Ванчо Гурев, Данко Давков, Илија Димов, Ристо Гондев, Блаже Ицев, Пане Мешков, Герасим Матаков, Диме Чекоров Пане Џунов, Ферчо Попѓорѓиев и Васо Хаџи-Јорданов, кој со дваесет и осум години бил најстар во групата.

Колежот го извршила бугарската воjска и полициски одреди на чело со капетан Борис Жеглов, поручник Борис Костов и подофицер Петко Опреков под команда на полковник Љубен Апостолов, командант на 56. Велешки пешадиски полк од Петтата бугарска армија. По потекло Апостолов бил од Крива Паланка.