Министерката Царовска, наместо преку Фејсбук да го поддржува потфатот (на малиот Марко Пејчиновски кој најави дека ќе плива ултрамаратон на 28 август) требаше да си го постави прашањето: да не се малку многу 64 километри?
Пливачката федерација премолча дека минималната возраст за маратони од 10 км е 14 години, а АМС уште и го награди „подвигот“ штетен по здравјето на Марко, пишува Милорад Стојменовски во колумна за „Слободен Печат“.
„Во 1988 година, 11-годишниот Тoм Грегори стана најмладиот пливач што го препливал Ламанш. Му требаа речиси 12 часа за да совлада 50-ина километри. И ден-денес ја носи титулата најмлад пливач што го препливал каналот, зашто тамошната Пливачка асоцијација, која издава дозволи за овие обиди, веднаш потоа ја ограничи минимална возраст за сите вонаби-маратонци, прво на 12 години, а во 2000 година и на 16 години. Грегори лани, 30 години по „подвигот“, напиша книга во која вели дека целиот потфат бил грешка. „На моменти задремував, халуцинирав, болката во рамото и колкот ме доведуваше до агонија,“ напиша Грегори.
Текстот на Стојменовски ТУКА.