Да не се чека: Цените на основните прехранбени артикли да замрзнат!

„Знаеме дека замрзнувањето на цените е популистичка мерка и дека имаме пазарна економија, но во вакви ситуации не треба да се чека, треба да се излезе со точна проценка и да се преземат мерки зашто се оди на товар и на штета на потрошувачот. За основните намирници мислам дека не треба ни да се зборува“, изјави Маријана Лончар-Велкова, претседателка на организацијата на потрошувачи на Македонија на денешната прес-конференција.

Претседателката на ОПМ додаде дека поради високите цени, голем дел од буџетот на секое семејство и паѓа исклучиво на товар на граѓаните, а граѓаните се приморани да купуваат производи со помал квалитет или со помала нутиритивна вредност и покрај тоа што пристапот до основните продукти е елементарно човеково право.