Шефот на АНБ, Виктор Димовски (На сликата лево)

Да има Македонија независно обвинителство и судство шефот на тајната служба АНБ Виктор Димовски денеска ќе беше во притвор.


По неговото признание за направено кривично дело а со цел да не избега, да не го повтори делото или да не влијае на сведоци за директорот на Агенцијата за национална безбедност вчера попладне ќе беше побаран притвор а ноќеска тој ќе беше префрлен во Шутка додека против него не почне процесот за кривичното дело за кое тој пред десетина нивинари даде прецизно признание.

Во својата изјава по сослушувањето пред комисијата за надзор на безбедносните служби Димовски се обиде да објасни дека е нормално што тој како шеф за АНБ и цел топ менаџмент од 10 луѓе процениле дека “не е безбедносен ризик” – лице кое е дел од Руска мрежа која се мешалa во внатрешни работи во САД за што е ставенo на црна листа на Вашингтон.

Кривичното дело не е во обидот на Виктор Димовски да дефокусира и да ја префрли вината само кај оној кој не направил консултација со НАТО партнерите тргајќи ги настрана сите останати кои кои дале позитивна проверка а морале да видат кому даваат македонски пасош.

Признанието за сторено кривично дело на Виктор Виктор се содржи во фактот што тој своерачно парафирал процес на проверка проверка на ,,асет” на руската служба за безбедност без да ги провери сите факти и процедури.

Димовски признава дека потписот го ставил откако претходно добил 10 позитивни проверки од различни луѓе во АНБ од кои само една не била направена воопшто односно еден вработен не извршил консултација со странски партнери.

Со тоа Димовски признава дека пропуштил да изврши должен надзор врз лицата кои вршат дискрециони овластувања. Со ваквото поведение кое според јавноста но и според претседателот Пендаровски тој направил штета по меѓународниот углед на државата.

Кривичното дело кое и кривичари аматери го препознаваат од далеку е “несовесно работење во служба” по член 353 параграф В од Кривичниот законик.

Димовски има законска обврска да врши надзор врз своите потчинети со цел тие да не прават грешки и за неспроведување на тој надзор и ако Ислам Абази е вистински обвинител за организиран криминал досега ќе почнеше истрага за Димовски и уште најмалку три други лица.

Законот за вакви ситуации е прилично јасен.
Согласно член 353-в од Кривичниот законик, службено лице или одговорно лице во јавно претпријатие или јавна установа кое со повреда на законските прописи за судир на интересите или за совесно постапување при вршењето на дискреционо овластување, со пропуштање на должен надзор или на друг начин очигледно несовесно постапува во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

Согласно ставот 2 на овој член од Законикот, ако сторителот на делото од став 1 прибави поголема имотна корист или предизвика поголема имотна штета или потешко ги повреди правата на друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

Според ставот 3 на истиот член од Законикот, ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, ќе се казни со затвор од една до десет години.

Димовски и негови соработници се соочуваат со сериозна ситуација без разлика што во моментов во земјава нема обвинител кој не е под контрола на СДСМ и ДУИ а кој може да покрене истрага за него.

Дополнително Димовски со пропуштање да организира полиграфско тестирање на сите свои вработени вклучително и на тие што го проверувале Рускиот Украинец дозволил можност меѓу нив да има двојни агенти на руската или тајни служби или пак соработници на мафијашки групи кои за пари или од други причини внесле човек на Путин во македонскиот регистар на граѓани.

И за ова поведение има елементи на кривично дело по повеќе основи.

Или пак Димовски крие наредба од Ковачевски или друг член на владата кој наредил по секоја цена Онишченко да стане македонски државјанин.

На потег е шефот на обвинителството за организиран криминал од Зајас Ислам Абази