Мислев дека е шега, а тоа да ти било вистина – сериозни луѓе сериозно предлагаат Македонија да стави вето на приемот на Шведска и на Финска во НАТО. Кога ќе дошло време за одлука, која сега не може да помине без нашиот глас во Брисел.

Образложение? На тој начин ќе сме ја натерале Европа да ја согледа својата непринципиелна политика кон Македонија.

Уф, колку лоша, авантуристичка и штетна идеја – анализира новинарот Бранко Героски во Плусинфо.

Без оглед на сите проблеми со кои се соочуваше нашата земја во овие три децении од своето постоење како независна држава, без оглед на страшните притисоци од Грција и од Бугарија, та дури и без оглед на внатрешната политичка нестабилност и меѓуетничките конфликти што ја обременуваа во целиот тој период, меѓународната заедница сепак ја препознава Македонија како фактор на мир и стабилност во регионот.

Таа перцепција е од суштинска важност за натамошниот опстанок на Македонија како суверена и просперитетна држава и особено за нејзините евроатлантски аспирации – додава Героски.

Целиот текст прочитајте го на следниот линк:

Не сме ни софијанци ни брисељаци, не ни личи на Шведска и на Финска да им се закануваме со вето