Во Вибер пораките меѓу групата полицајци што ги објави ВМРО-ДПМНЕ има и нарачки за малтретирање на новинари.

Во дел од пораките на полицајците на терен им се наредува да им се “Е*е крвта” и тие да се изживуваат врз новинарите.

Пред десетина дена токму пред изборниот ден во Прилеп од полицајците од групата беше уапсена новинарска екипа.

“Вака изгледа демократијата во Македонија.

Со нарачки да “им се е*е крвта”, “изживувај се колега ќе бидеш награден”, “застани ги и знаеш што да правиш”, на новинарите на Инфомакс кои само професионално си ја вршеа својата работна задача во Прилеп.

Овие ашљаци ги апсеа новинарите на Инфомакс, се изживуваа, неколку пати им земаа изјави во полициска станица.

За овие нарачки, и последиците од овие нарачки ќе добиете по една пријава….кривична”, пишува Александар Митовски уредник на порталот чија екипа беше првиведена од полицајци и физички нападната од активисти на СДСМ.

За скандалот Митовски ги прозива:
Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme Влада на Република Северна Македонија Slovenian Embassy Skopje/Амбасада на Република Словенија Амбасада на Русиjа во Македониjа / Посольство России в Македонии American Embassy Skopje.