Новинарот уредник на Радио Лидер Љупчо Златев со свој коментар на неспособноста на власта на СДСМ да се справи со пожарите и неподготвеноста да ги искористи ресурсите на државата во битката со огнот.
“Нема противпожарни авиони (поточно нема 200.000 евра за нивен сервис), бројот на пожарникари е под законскиот минимум и хеликоптерите немаат технички моќ да летаат навечер.
Ама затоа има десетина олигарси блиски до фамилијата Заеви кои заработија стотици милиони евра во изминатите години.
Картелот на власт ни ја изгоре иднината…
Да бевме нормален народ со кичма, ќе гореа нивните Бентлија, Поршиња, Јагуари… Ќе гореа нивните хациенди и имоти изградени со наши пари!”, пишува секогаш директниот Златев.
Според листата на најголеми и најбогати компании во Македонија десетина фирми од Струмица за кои се знае дека се блиски на луѓе на семејството Заеви направиле огромни профити и прикажале огромни добивки последниве години откако Заев ја води Владата.