Во Основното јавно обвинителство Скопје денеска на распит бил повикан доктор д-р Жан Митрев.
Од Обвинителство, за МИА потврдуваат, дека Жан Митрев е повикан на распит за определени околности во врска со предмет оформен по допрен глас во ОЈО Скопје.
Обвинителството на 18 јули годинава, по допрен глас оформи предмет, откако ИРЛ објави истражување за работата на клиничката болница „Жан Митрев“ и доктор Жан Митрев.
Клиниката Жан Митрев целосно соработува со институциите затоа што нема што да крие, велат од Клиниката.
„Ние како Клиника досега, а и понатаму работиме целосно транспарентно и во интерес на пациентите. Овој однос не е само кон надлежните институции и тела во државата, туку е и кон нашите пациенти. Знаејќи ја вистината и водејќи се според високите стандарди на работа ќе помогнеме за откривање на фактичката состојба и ги ставаме на располагање сите наши материјални и човечки капацитети за да излезе вистината во јавноста. Искрено веруваме дека само со транспарентен однос и отворена соработка можеме да ѝ служиме на вистината и на етичките и моралните вредности според кои работиме“, се додава во соопштението од „Жан Митрев“.
Стапката на успех во третманот на пациентите со Ковид-19 во „Жан Митрев клиниката“ изнесува 74,6%. Според деталните болнички извештаи во Клиниката биле хоспитализирани вкупно 1738 третирани пациенти, од кои 1296 преживеале, соопшти денеска Клиниката.
