Д-р Пановски: Да се врати полицискиот час од 21 часот

„Јасно е дека мерките беа политички одлуки и фала Богу дојде и шамарот“ изјави при гостување во „Утрински брифинг“  д-р Никола Пановски според кој нужно е веднаш да се врати полицискиот час.

„Комисијата за заразни болести да се води по науката и струката. Според мене, воопшто не требаше да ги олабават мерките.

Значи, полицискиот час веднаш треба да се врати од 21 часот и да не биде дозволено шетање цела ноќ.

Исто така, веднаш да се спроведе контрола во ризичните подрачја. Дали ризичните подрачја се контролираат никој не знае. Не може да доаѓаат во Центар кога ќе им текне, туку само по потреба. Совеста на граѓаните да се искачи на повисоко ниво и да се казнува“, рече доктор Пановски..