Д-р Лазаров: Си дозволивме да го „увеземе“ делта-сојот, мерките се задоцнети

Воведувањето на задолжителен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа за д-р Ненад Лазаров е задоцнета мерка. Според него, Делта сојот веќе е многу распростран во Македонија и поради тоа смета дека мерките се донесени многу доцна.

Лазаров во изјава за ТВ 21 рече дека сепак потребни се поригорозни мерки бидејќи состојбата е сериозна.

„Веќе е касно, имаме широка трансмисија на терен. Но, рестриктивни мерки, по однос на ограничување, односно контрола при влез во државава требаше многу поодамна да има. За жал си дозволивме да го импортираме овој делта сој во Македонија. Рестриктивни мерки, да, апсолутно се потребни. Ги гледате дневните бројки на новозаразени и веќе интензивно и нагло ни се полнат и болничките капацитети“, вели Лазаров.