Главниот здравствен инспектор на Бугарија д-р Ангел Кунчев, вели дека има податоци дека три деца во Банско заболеле од морбили веројатно од вирусот увезен од Македонија.

Тоа го соопшти во гостување на Радио „Дарик“.

Тој соопшти дека во Бугарија има регистрирано 21 случај со морбили, од кои 18 деца се заразиле во болница во градот Разлог а вирусот го примиле од заразено дете.

Меѓу новоинфицираните е и 27.годишен маж кој го донел вирусот од Италија.