Д-р Јовев: Ме погоди разрешувањето (ВИДЕО)

Поранешниот директор на Кардиохирургија, Проф. д-р Сашко Јовев вели дека бил погоден од разрешувањето од функцијата директор на Кардиохирургија.

„Ја изградив куќата, потоа ме избркаа од неа“, рече тој во изјава за ТВ21.


Јовев не даде точен одговор дали ја одбил поканата по разрешувањето да му биде советник на министерот за здравство Фатмир Меџити.

, но истакна дека на министерот му рекол дека тој и припаѓа на клиниката која ја создал.реклама

Тие завчера заедно пиеле кафе, но тоа не значи дека Меџити се откажал од неговата одлука.

Професорот Јовев беше разрешен поради дежурствата, но тој не е единствениот, Меџити извести дека разрешени се и 20 други директори, а додаде дека ќе продолжи да ги разреши сите директори кои направиле злоупотреби или не се продуктивни.