Хирургот Ѓорѓи Јота кој вчера беше прегазен од возило управувано од 16-годишник без возачка дозвола пред Клиничкиот центар во Скопје, има тешка повреда на главата, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче.
„Вчера во текот на ноќта ме консултираа. Колегата доктор Јота има тешка повреда на главата и се наоѓа во одделот за интензивно лекување на ТОАРИЛУЦ. Има нагмечување на мозокот и на белите дробови, поставен е на респираторна машина и сега се преземаат сите мерки на интензивно лекување“, изјави Филипче во одговор на новинарско прашање пред Министерството за здравство пренесе МКД