Д-р Беќаровски: Паниката од „омикрон“ е поради стравот од губење на профит

Сите релевантни и независни укажувања сугерираат дека омикрон е со многу поблаги симптоми и шансите да завршите во болница се околу 80% помали, од моментално доминантната делта варијанта во Македонија, пишува проф. д-р Нико Беќаровски на својот Фејсбук профил.

„А, зошто се крева толкава прашина и се влева страв?


Ако во моментов ние имаме околу 500 новозаразени дневно, кои нашиот здравствен систем успешно ги апсорбира, тоа би значело дека од омикрон варијантата здравствениот систем успешно би апсорбирал и до 4.000 новозаразени бидејќи заболените воглавно би лежеле дома.

Каде е тогаш проблемот? Ако просечното траење на ковид-19 е околу десет дена, тоа значи дека секој ден во подолг временски период би имале околу 40.000 активни случаи, што мора да се согласиме дека може да создаде сериозни економски импликации и голем број отсутни работници од своите работни места“ – пишува Беќаровски..

„Токму затоа, поради сериозните импликации врз бизнисот, е големата паника која владее во ЕУ и САД, од омикрончето.

Човекот во западната цивилизација оддамна ја изгуби битката со неговото височество профит“, стои во неговата објава.