Новата мутација на коронавирусот можеби го има во Македонија и најверојатно може да го излаже ПЦР-тестот, вели д-р Нико Беќаровски, директор на Клиника за токсикологија за ТВ 24 и вели дека непотребно настанала паника зошто вирусот имал илјадници мутации досега.

„Сѐ уште не може да се каже со сигурност, но претпоставките се дека ПЦР-тестот најверојатно ќе може да го излаже и ќе имаме зголемен број лажни негативни наоди. Тоа што се наметна како прашање, а гледам и дека во светот се создава извесна непријатност е дали постојните тестови ќе бидат доволно сензитивни за да ја детектираат оваа мутација. На тоа немаме одговор, да се надеваме дека е така, инаку ќе ни треба нов тест којшто ќе биде сензитивен на оваа мутација“, вели Беќаровски. 

Беќаровски вели дека имало многу случаи на пациенти со крајно тешка клиничка слика со сите елементи за развиени компликации од ковид-19, а вирусот не успеале да го детектираат со постојните тестови, пренесе 360- степени