Фејсбук и Инстаграм би можеле да бидат запрени во Европа доколку „Мета“ не може да ги пренесува, складира и обработува податоците на своите европски корисници на серверите во САД, предупреди сопственикот на гигантот од социјалните мрежи Марк Цукерберг во својот годишен извештај до Комисијата за хартии од вредност на САД, јавија медиуми.

Главното прашање за Мета е трансатлантскиот пренос на податоци регулиран со т.н штит за заштита на лични податоци и други стандардни договори кои компанијата ги користи за складирање на податоци од европски корисници на американски сервери. Во моментов, договорите за пренос на податоци се под строга контрола во ЕУ.

Мета нагласува дека размената на податоци меѓу земјите и регионите е клучна за обезбедувањето на нејзините услуги и насоченото рекламирање.

Затоа, компанијата ја користеше трансатлантската рамка за пренос на податоци, наречена „Штит на приватност“, како правна основа за овие преноси на податоци.

Сепак, овој договор беше поништен од Судот на правдата на Европската унија во јули 2020 година поради прекршување на заштитата на податоците.

Оттогаш, ЕУ и САД најавија дека работат на нова или ажурирана верзија на договорот…