Цукерберг ќе отпушти 11.000 вработени

Марк Закерберг, основачот на Фејсбук, денеска се обрати со писмо до вработените во „Мета“ и најави 11 000 отпуштања.

„Решив да ја намалам големината на нашиот тим за околу 13 отсто и да отпуштам повеќе од 11.000 наши талентирани вработени“, соопшти Закерберг во писмо испратено до вработените во „Мета“.

„Знам дека ова ќе биде тешко за сите и особено ми е жал за оние засегнати од оваа одлука“, објави тој.

Закерберг на тој начин ги потврди шпекулациите за драстични намалувања на компанијата која претрпе огромна загуба на пазарната вредност и пад на приходите со 70 отсто пад на вредноста на акциите.